ИНТЕГРАЦИЈА И НАПРЕДОК ВО ОПШТЕСТВОТО НА РОМСКАТА ПОПУЛАЦИЈА MA

Киршан  Мамудоски – извршниот директор на АНЕР „Ромска солза“ од Прилеп во интервју за Отворена ТВ – АГТИС зборуваше за моменталната ситуација со ромите.10

Новата стратегија за работа на организацијата „Ромска Солза“ е подготвена во 2016 година и како стратешки приоритети се одбрани: домување, образование, вработување и човекови права. „Ромската заедница ни верува и ни ја дава целата поддршка со тоа што е директно вклучена во сите активности.

4Како дел од мерките за вработување, нашата организација има акционен план за вработување 2017-2019, во чија изработка директно се вклучија граѓаните  и сугестиите и препораките кои што ги добивме се составен дел од овој акционен план. Преку овој план, кој е усвоен од страна на Советот на Општина Прилеп, многу млади ги користат мерките за самовработување“ – изјави  Мамудоски.

Иако се преземени чекори за подобрување на водоснабдувањето и електричната енергија, сепак тие остануваат како главни и поголеми проблеми со кој се соочува ромската заедница, а покрај нив тука спаѓа и социјалната ексклузија на ромите во општеството.

Новинар и фотографија: Мартина Билјаровска

Фотографиите се преземени од фејсбук профилот на организацијата “Ромска Солза” mic

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *